Бебе кое имало две операции на срце се насмевна за прв пат, иако сите мислеле дека никогаш нема да може

Бебе кое се роди со половина срце се насмевна за прв пат откако ја издржа својата втора операција на отворено срце. Малиот Теодор „Теди“ Нелсон, од Бафало, има само шест месеци, но веќе мораше да се справи со многу пречки.

Меѓу другите здравствени компликации, Теди е роден со Хипопластичен синдром на лево срце, што значи дека буквално влегол во светот со половина срце.

За Теди се грижи персоналот во Детската болница во Питсбург од неговото раѓање на 30 август, а на Денот на вљубените го одбележа својот 168-от ден во болница. Сега конечно на своите родители Теди успеа да им подари една голема и убава насмевка.

„Околу втората операција на отворено срце тој доживеа мозочен удар. Не бевме сигурни дека ќе успее да покаже насмевка на лицето. Тоа навистина даде огромна сјај на надеж за иднината дека тој може да ги надмине овие пречки. Тоа е она што насмевката значеше за нас.“, вели неговата мајка Александра.

Александра и Мајкл успеале да го фотографираат магичниот момент. Наскоро храбриот Теди ќе има и трета операција, по која родителите се надеваат дека ќе можат да си го земат дома со нив.