Бебе кое сѐ уште нема ниту 2 годинки ги „оштети“ мама и татко за 2.000 долари, во обид да ги имитира

Малите деца можат да направат многу проблеми, но ретко кое 2-годишно дете прави штета од 2.000 долари.

Целата збрка се случила откако Мадху, мајката на 22-месечниот Ајанш Кумар ја листала веб-страницата на Волмарт за да најде мебел за декорација на нивниот дом. Таа ставила неколку работи во „кошничката“ и порачала, но работите станале сомнителни откако после неколку дена почнале да им пристигнуваат необични пратки со мебел.

На семејството не му било јасно што се случува и на крајот се посомневале со малиот Ајанш. Очигледно тој ја гледам својата мајка и постарите браќа и сестри како порачуваат, па откако го начекал телефонот без надзор си селектирал работи кои му дошле при рака и ги порачал.

Вкупниот износ на мебелот кој им бил доставен изнесувал 2000 долари. За среќа на родителите сите ја виделе смешната страна од приказната и тие ќе можат да ги вратат производите во Волмарт и да си ги рефудираат парите.

Тие велат дека и ќе задржат неколку работи во спомен на „добриот вкус“ на малиот Кумар. Сепак, можеби вреди да се засили нивната сајбер безбедност, а таткото на Ајанш, Прамод, смета дека е време да се „стават тешки шифри или опција за препознавање на лица“ на семејните телефони за да се спречи вакво нешто да се случи повторно.

Дете кое погрешно потрошило неколку илјади долари на мебел е многу смешно, но нема да смешно ако тоа се повтори, а особено ако местото од каде што „пазарело“ не е толку подготвено да понуди рефундирање.