Бебето од насловната страница на еден од најпознатите албуми во светот го тужи бендот Нирвана за прекршување на федерални закони

Спенсер Елден, сега 30 -годишен, поднесе тужба против двајцата останати членови на бендот, како и имотот на Курт Кобејн, тврдејќи дека ниту тој, ниту неговите старатели не се согласиле неговата слика да се користи за албумот „Nevermind“ и дека насловната страница ги прекршува федералните закони за детска п*рнографија.

Елден тврди дека познатата фотографија на која тој како бебе плива гол во базен, претставува „потфат за трговија со с*кс“ и дека бил „принуден да се занимава со комерцијални с*ксуални дејствија додека бил под 18-годишна возраст “.

Тој вели дека неговите родители не ги одобриле фотографиите и тврди дека тој претрпел „доживотна штета“ како резултат на насловната страница на албумот.

 

Во тужбата се наведува дека Елден доживеал „екстремна и трајна емоционална вознемиреност со физички манифестации“, како и „мешање во неговиот нормален развој и образовен напредок“ и „доживотно губење на капацитет за заработка“.


Чувствата на Елден за неговата поврзаност со насловната страница на албумот се сменија драматично со текот на годините. Моделот претходно ја пресоздаде сликата и го има истетовирано насловот на албумот на градите. Во 2015 година тој изјави: „Тоа беше позитивна работа и ми отвори нови врати.“ Но, во интервју во 2016 година, тој откри дека пораснал и дека „не му се допаѓа како е искористена фотографијата“.

Покрај бендот, Елден исто така го тужи фотографот Крис Ведл.