Бебињата знаат да пливаат или само така изгледа?

Според некои луѓе, пливањето нам луѓето ни е вроден инстинкт кој со тек на време го губиме поради стравот кој ни го наметнува околината. Но, вистината е малку поинаква.

Не. Не е точно дека бебињата се родени со способност за пливање, иако имаат рефлекси што го прават тоа да изгледа како да пливаат.

Рефлексот наречен брадикардијален одговор ги тера бебињата да го задржат здивот и да ги отворат очите кога се потопени во вода, вели Џефри Вагенер, педијатриски пулмонолог во Колорадо. Родителите можат да ја предизвикаат истата реакција со дување во лицето на нивното бебе, рефлекс кој исчезнува после 6 месеци.

Исто така, до околу 6 месеци, кога бебињата ќе се стават во вода со стомакот надолу, рефлексивно ги движат рацете и нозете, што ги прави да изгледаат како природни пливачи.

„Овие рефлекси не значат дека бебето може да плива,“ вели Вагенер.

Бебињата не се доволно стари за да го задржат здивот намерно или доволно силно да ја задржат главата над водата. Покрај ризикот од давење, опасно е за новороденче да проголта голема количина вода во базен.

Сепак, многу програми за пливање за новороденчиња се потпираат на овие рефлекси за да им помогнат на бебињата да „пливаат“. Педијатрите не препорачуваат програми за пливање за деца помлади од 1 година.