Белгискиот репортер Рубен ван Гухт дава објаснување во живо од хотелска соба во Келн за натпреварот Белгија и Романија, но упс… тоа во позадина изгледа не се нозете на жена му?
Белгискиот репортер Рубен ван Гухт даде објаснување во живо од хотелска соба во Келн за натпреварот од ЕП меѓу Белгија и Романија кој се одигра во вечерните часови. Не само што гледачите забележале дека во позадина се гледаат пар убави женски нозе, тоа во одреден момент го забележал и самиот репортер и тактички ја ставил својата шолја кафе пред неа.
Ван Гухт е во брак со поранешната олимписка шампионка Бланка Влашиќ, која живее со нивниот син во нејзината родна земја Хрватска, но сѐ уште не е јасно дали таа е таа што се појавила на сликата.
Коментирај анонимно