Белорусија се соочува со најголемите протести во историјата и 50.000 Литванци покажаа солидарност

Историјата се повторува. Пред 31 година, заедно со Летонија и Естонија, Белорусија направи голем чекор кон ослободувањето од Советскиот Сојуз. Тоа била мирна политичка демонстрација, каде два милиони луѓе се здружиле со рацете за да формираат човечки ланец од 675,5 километри низ трите балтички држави – Балтичкиот пат. И успеале во тоа. На 11 март 1990 година, станале прва независна балтичка држава. Овој пат Литванците застанаа заедно со народот на Белорусија кој сака да се ослободи од власта на Александар Лукашенко.

Историјата беше повторена со 50.000 луѓе од Вилнус до границата со Белорусија, која моментно се бори за демократија и слобода. Човечкиот ланец се протегаше повеќе од 30 километри. Облечени во бело, Литванците изразија поддршка за спротивставување на владеењето на претседателот Александар Лукашенко. Професионалниот фотограф од Литванија, Витаутас Дрангинис, ги опфатил овие неверојатни моменти.