Бесценето мече со гласот на покојната мајка на оваа девојка било украдено, а познат актер направи сѐ за приказната да има среќен крај

Мара Сориано од Ванкувер, Канада неодамна се селела од еден стан во друг кога добила повик од пријател кој сосема ѝ ги променил плановите. Бидејќи тргнала да му помогне на пријателот Мара ги оставила торбите без надзор. Во една од нив имало бесценет предмет. Мече на кое имало снимка од гласот на нејзината покојна мајка, која ѝ кажува колку ја сака. За жал набрзо торбите биле украдени.

Мара и нејзинот вереник се преселувале во нов стан и скоро сите нивни работи биле сместени во камион за преселување, но тие со себе земале неколку „бесценети работи“. Двајца нивни пријатели им кажале дека со велосипед ќе дојдат до станот за да им помогнат. Одеднаш Мара добила повик дека едниот пријател на велосипед го удрило комбе. Таа во паника ја фрлила торбата и истрчала да помогне. Девојката помислила дека нејзиниот вереник ќе ја земе торбата, но тоа не се случило.

Мајката на Мара 6 години се борела со рак пред да ја изгуби битката и сакала да ѝ остави нешто на својата ќерка по што таа ќе ја памети. Затоа ѝ снимила гласовна порака во која ѝ вели дека ја сака и тој хеханизам го вметнале во мечето. Така што Мара била скршена. Таа на социјалните мрежи објавила дека го бара мечето и нуди награда, а исто така залепила и плакати низ целиот град.

Никој не очекувал дека познатиот актер Рајан Рејнолдс ќе дознае за проблемот на Мара и ќе се понуди да помогне. Рајан понудил награда од 5.000 долари за оној кој ќе помогне или ќе го врати мечето.

За неполна недела мечето било вратено во рацете на Мара. Двајца добри луѓе го забележале мечето кај вистинскиот крадец и тие го „украле“ од него.