„Беше добар одмор“: Рибари 27 дена изгубени талкале по отворено море, нивната реакција за настанот е малку необична
На 3 септември, Ливае Нанџикана и Џуниор Колони го напуштиле островот Моно со нивниот мал моторен чамец за да патуваат до Норо. „Ние сме го поминале тој пат и порано и не требаше да има проблеми“, рече Нанџикана за локалната радиодифузна корпорација на Соломонските Острови.
Меѓутоа, катастрофата настанала кога нивниот ГПС уред останал без батерија, а лошите временски услови довеле до тоа двојаката да се загуби сред отворено море.
„Наидовме на лошо време со силен дожд, густи темни облаци и силен ветер на нашиот пат“, рече Нанџикана, објаснувајќи како не можеле да го видат крајбрежјето.

„Кога почна да врне, беше лошо, но стана уште полошо кога престана да ни работи ГПС уредот. Не можевме да видиме каде одиме и затоа решивме да го запреме моторот и да почекаме за да заштедиме гориво “, додаде тој.
За среќа, тие понеле портокали на патувањето, девет дена подоцна, тие биле принудени да преживеат „само од дождовница, кокос и вера во Бога“.
На 27 -от ден, конечно забележале остров во далечина и сфатиле дека се во Папуа Нова Гвинеја. „Не знаевме каде сме, но не очекувавме дека ќе бидеме во друга земја“, рече Нанџикана.

Иако искуството било страшно, на парот добро му дошло малку „одмор“. „Немав поим што се случува додека бев таму. Не слушнав вести за КОВИД. Со нетрпение очекувам да се вратам дома, но ова беше добар одмор“, рече тој.
