Беше една од најбараните актерки, а сега ја откри тажната причина поради која со години се крие од јавноста

Една од најпознатите холивудски актерки на 20 век, денес 68-годишната Ким Бесинџер, се прослави во 1983 година како девојка на Бонд во филмот „Never Say Never Again“, кој ѝ донесе и статус на секс симбол.

И додека некогаш беше најбарана актерка и добредојдено лице на сите важни настани, во последните години се повлече од јавноста, а веќе не ја гледаме на филмското платно.

Сега во заедничко интервју со ќерката Ајрланд Болдвин, таа откри дека причината за нејзиното криење е нарушување со кое се бори долги години, а тоа е агорафобија, односно страв од отворени простори.

„Морав повторно да научам да возам автомобил и со години се плашев да поминам низ тунели. Бев нервозна поради се и се ми стана голем проблем. Не сакав да излезам од дома”, рекла таа и нагласила дека поради тоа била постојано исцрпена.

И додека избегнува церемонијални настани, Бесинџер во последните години неколку пати беше фатена од папараците, последен пат во јануари годинава, на вечера со момчето Мич Стоун, со кого е во врска од 2014 година. Фотографиите исто така потврдија дека љубовта меѓу нив сè уште трае бидејќи не се видени заедно од 2018 година, што предизвика гласини за раскинување. Пред да се заљубат, актерката му била клиент на Мич бидејќи тој работи како фризер на познати личности.

Во последниве години, Ким се препушташе и на шармот на естетската хирургија, а честите посети на ботокс и други корекции ги спонзорираа и нејзините сè поретки холивудски ангажмани. Во една прилика признала и дека верува дека статусот на секс симбол и наштетил бидејќи како што стареела се помалку сакале да ја ангажираат за улоги.

Инаку, Ким од 1993 до 2002 година беше во брак со актерот Алек Болдвин со кој ја има ќерката Ајрланд, а пред тоа беше во брак со шминкерот Рон Снајдер.