Беше покриен со ќебе, криеше знаци на куцање … Светот ги анализира деталите за однесувањето и здравјето на Путин

Нишањето напред-назад и тикови со веѓите може да бидат знаци за здравствени проблеми на рускиот претседател Владимир Путин, изјави експертот за говор на телото Мајк Картер за The Mirror.

Русија вчера го прослави Денот на победата над нацизмот и фашизмот. Во Москва беше организирана голема парада, а Путин одржа 11-минутен говор во кој, на изненадување на многумина, не најави општа мобилизација. Експертите за комуникација продолжуваат да го анализираат говорот, но и однесувањето на рускиот претседател за време на парадата.

На парадата е забележан Путин како кашла, малку куца, а бил покриен и со ќебе. Покрај тоа, за време на својот говор за прв пат ги призна загубите на руската армија во Украина, тој зборуваше и за загинатите и ранетите за време на борбите.

Однесувањето на Путин уште еднаш поттикна шпекулации за неговото здравје, а Мирор наведува дека ниту еден од другите високи лидери на Кремљ не бил покриен со ќебе на Црвениот плоштад, што имало околу 9 степени.

Мајк Картер, експерт за говор на телото, исто така рече дека рускиот претседател дише плитко додека зборува.

Картер изјави за The Mirror: „Го задржуваме здивот или дишеме на овој начин кога нешто не е физички или психички во ред со нас. На пример, како кога некој во канцеларија се жали на болка и затоа не може да дише“, рече Картер.

„Сето тоа е показател дека нешто не е во ред“, рече тој. Картер објаснува како лулањето на Путин напред-назад може да сигнализира „анксиозност“, но може да укаже и на здравствен проблем.

Путин има 69 години и се шпекулира дека има сериозни здравствени проблеми. Некои спомнаа проблеми со тироидната жлезда, па дури и Паркинсонова болест. Прашањата за неговото здравје уште повеќе се разгореа откако на снимката беше виден како цврсто ја држи десната рака за масата на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

И на неодамнешниот состанок со белорускиот претседател Александар Лукашенко, тој се обиде да ја задржи раката што неконтролирано се тресеше.

Официјална Москва ги отфрла сите шпекулации за лошата здравствена состојба на Владимир Путин.