„Беше скршена пред да станам“ Конор Мек Грегор открива детали за катастрофалната скршеница со која се здоби за време на борба

Конор Мек Грегор сподели детали од моментот кога претрпе скршеница на ногата при поразот од Дастин Поаре ова лето, инсистирајќи дека „борбата, 100 проценти одела во негова полза“ пред неговата повреда.

Поаре победи по прекинот на УФЦ 264 во првата рунда како резултат на ударот во ногата на Мек Грегор.

Но, Мек Грегор се појави на социјалните мрежи за да нагласи каде и кога ја добил повредата.

„Добар агол“, напиша тој на Твитер, „Може да се види дека ногата ми беше скршена уште пред да станам. Затоа продолжив. Четири удари спрема нула пред повредата. Оваа борба одеше 100% во моја корист. Но големи честитки за момци хахаха. Стаорци“.

„Можам да ја видам тежината во тие удари што ги јадеше овде. Кои не беа ни двата најтешки удари што му ги зададов“.
„Не сака удирања преку лицето? Тешко с*ање, с гледаме наскоро“.

Мек Грегор ги скрши левата голема и мала писка, при што ногата требаше да се стави во гипс, судијата Херб Дин мораше да го прекине натпреварот, на големо очајување на публиката.

33-годишниот сега се обидува да се врати во форма по паузата.

Мек Грегор го најави можното враќање во 2022 година и во септември рече дека неговото закрепнување оди подобро од очекуваното.