Бесна верверица сместила две лица во болница, а соседите се плашат да излезат надвор

Бесна верверица во Тексас ги тероризира луѓето кои се обидуваат да излезат од своите домови без да ѝ дадат било каков повод да се однесува така. Две жени во населбата Брикленд Шорс станале жртви на верверицата и завршиле во болница откако „добиле конци“ благодарение на животното.

Шарлин Френч-Амецкита излегувала од домот кога ја забележала верверицата пред нејзината врата. Таа скокнала врз неа и првин ја каснала за раката. Жената ја треснала верверицата од земја и додека се обидувала да се врати внатре во куќата животното повторно ја нападнало, овој пат ја гризнало за ногата. Шарлин морала да оди во болница за да ѝ ја сошијат раната.

Кејти Херера исто така била жртва на опасната верверица. Сепак таа завршила со помали повреди. Имала неколку модринки и гребнатини од канџите на малото животно. Кејти сепак вели дека е благодарна што во тој момент на патот на верверицата не застанале нејзините деца.

Локалното население тврди дека животното првично било само разиграно, но неодамна почнало да станува агресивно. Тоа развило навика да седи пред вратите на луѓето и да јаде нешто и жестоко да им возврати на оние кои ќе излезат од домот и ќе го прекинат или ќе се обидат да го избркаат.

Соседите велат дека не излегуваат преку ден и не ги пуштаат децата да излезат сами, затоа што во тој период „ѕверот“ е активен. Органите на Тексас Паркс и дивиот свет и контролата на животните биле контактирани, но тие велат дека не можат да сторат ништо сè додека не се фати верверицата.