Бесните возачи како вреќи ги влечеа демонстрантите кои не сакаа да се тргнат од патот по ниедна цена

Група активисти за заштита на животната средина во последните неколку недели правеа блокади на патиштата низ Англија во знак на протест против политиката за климатските промени на владата на Обединетото кралство.

Како и да е, нивната кауза беше нарушена со реакции од минувачите кои се обидуваа да стигнат од точка А до точка Б.

Вчера се појавија снимки од бесни возачи кои ги влечеа демонстрантите за да ги тргнат од патот. На активистите им беше кажано дека има амбулантно возило што чека заглавено во сообраќај, но тие продолжија да протестираат, принудувајќи ги луѓето и екипажот на болницата да ги извлечат од патот.

 

Ова е една од четирите демонстрации што се одржаа вчера во кои беа вклучени вкупно 50 луѓе низ главниот град. Ова е, исто така, четврта последователна недела во која се оддржуваат протести.