„Бев 7 пати бремена до 19 години – хејтерите велат дека треба да се засрамам, но јас сум благодарна“

21 годишната Енџи за прв пат забременила на 15 години со нејзиниот сегашен сопруг Џордон кој тогаш имал 17 години. Парот оттогаш има три заеднички деца, а четвртото е на пат.

Откако се запознале со Џордон на забава, тие се венчале веднаш откако Енџи наполнила 16 години и го дочекале нивниот втор син Хадсон кога Енџи имала 17 години.

За жал Енџи имала пет спонтани абортуси, но тие го добија своето трето дете минатата година, Финли. Сега 21-годишната Енџи е пресреќна што има големо семејство на млада возраст и вели дека „го живее својот најдобар живот“.

 

Само неколку месеци откако се запознале, парот дознал дека ќе станат родители, а по осум тестови за бременост конечно поверувале дека тоа е вистина.

Младата мајка, исто така, сподели дека се соочила со мешани реакции кога им ја кажала веста на своите пријатели и семејството: „Ако некоја ми каже дека е бремена на 15 години, дефинитивно ќе бидам шокирана. Знаев дека нема да ги добиеме најдобрите реакции од луѓето. Секој имаше различна реакција кога им кажавме. Сè уште бев многу млада и одев на училиште кога дознав дека сум бремена. Ги изгубив сите со кои бев блиска затоа што веќе ги немавме истите животи“.

„Луѓето велат дека сум патетична и дека ова не е нешто за фалење и треба да се срамам“

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *