„Бев на диета само со месо и јајца и не јадев никакви влакна – еве што се случи со моето тело и психичка состојба“
„Неодолив мирис се шири низ домот – говедски стек печен цела ноќ. Но, ова не е неделен ручек туку мојот појадок, дел од десетдневната диета со месо, без зеленчук, сосови или леб.
Иако сум љубител на храна, решив да ја испробам оваа строга исхрана поради сè погласните тврдења дека исклучиво месната диета може да помогне при различни здравствени состојби, вклучувајќи невроразвојни нарушувања како АДХД. Минатата година добив дијагноза на АДХД.
По објавата на мојата приказна, добив совети да ги оставам лековите и да преминам на карнивор диета. Бев скептична сè додека не наидов на сведоштво на 21-годишен студент кој, откако се хранел само со месо, успеал да ги остави лековите, значително да ослабе и да ја подобри својата психичка состојба. Карнивор диетата целосно ги исклучува јаглехидратите и растителната храна, фокусирајќи се на внесување на маснотии и протеини. Оваа исхрана ги спротивставува официјалните здравствени препораки, но некои лекари, како д-р Џорџија Ид, тврдат дека може да ја намали невровоспалителноста и да ја подобри менталната стабилност.
По три дена на оваа диета, почувствував неочекуван мир, но и загриженост бидејќи имав лошо варење. Покрај тоа, добив вест дека блиска личност има рак на дебело црево – состојба која често се поврзува со исхрана богата со црвено месо и без влакна. Ова ме натера да се запрашам дали сум на вистинскиот пат.
„На петтиот ден, забележав подобрување на концентрацијата и намалување на анксиозноста. Лековите за АДХД ми беа потребни во помала доза, а чувството беше природно, без нервоза или наплив на енергија. Сепак, недостигаше вкусот на леб.
Оваа диета е скапа – стековите чинат по 20 долари по оброк. Освен тоа, д-р Федерика Амати од Универзитетот во Лондон предупредува дека долгорочната консумација на високо-масна исхрана може да го зголеми ризикот од рак и срцеви заболувања.
На крајот, резултатите ме збунуваат. Од една страна, се чувствувам фокусирано и мирно. Од друга, се прашувам дали ова е одржлив начин на живот. За сега, мојот месар е единствениот што без двоумење го поддржува овој експеримент“.
Коментирај анонимно