„Бев најслабата во друштвото, но еден ден се ПОРОДИВ без да знам дека воопшто сум бремена“. Студентка отишла во болница да вади слепо црево, а се вратила дома со бебе!

Млада студентка која се породила само петнаесет минути откако шокантно открила дека е бремена, првично отишла на лекар затоа што мислела дека има „апендицитис“, но на крајот завршила на породување.

Кајла Симпсон (21), студентка на Универзитетот во Индијана, била шокирана кога видела бебе во нејзиниот стомак откако нејзините лекари направиле ултразвук, бидејќи мислела дека боледува од апендицитис поради тешките грчеви и крварењето.

 

 

Студентката страдала од, како што мислела, тешки менструални грчеви, но не покажувала знаци на бременост – и додека мислела дека ќе ја напушти болницата без слепо црево, наместо тоа заминала со новороденче.
Нејзината ќерка Меди (1) е родена само 15 минути по извршениот ултразвук, оставајќи ги сите шокирани.
Во серија вирални видеа објавени на нејзиниот профил на „TikTok“, студентката објаснува како на крајот дознала дека ќе се породи.

 

Кајла објасни: „Значи, во основа околу 12.30 часот имав навистина благи менструални грчеви. Но, потоа станаа навистина лоши по отприлика 30 минути. Потоа и се јавив на мајка ми мислејќи дека слепото црево ми пука затоа што многу крварам. Толку ме болеше што едвај можев да зборувам и едвај да се движам“.

Кајла и нејзината мајка потоа отишле во болница за да ја прегледаат, претпоставувајќи дека лекарите ќе и го отстранат слепото црево. Докторот не видел знаци на апендицитис, па помислил дека Кајла можеби има циста и предложил да и направат ултразвук. За време на ултразвукот, мајката на Кајла забележала „нешто познато“ – мали бебешки стапала – и лекарите итно ја однеле на породилното одделение.

 

„Следно што знам, врескав од болка и откако ги видов малите стапала на ултразвук, почнав да врескам уште повеќе“.

Докторите набргу потоа ѝ кажале на Кајла дека ќе се породи и дека е проширена околу 10 сантиметри. 15 минути подоцна Кајла ја родила својата ќерка.
Во нејзините видеа, таа објаснува дека немала поим дека е бремена затоа што не доживеала никаква болка, па дури и работела „12-часовна двојна смена“ претходниот ден. Таа додала дека немала никакви болки, дека била „најслабата“ во друштвото и дека имала редовна менструација во текот на целата бременост. Кајла имала контракции само еден час пред да се породи. Иако Кајла била шокирана, била толку среќна што се вратила дома со здраво бебе кое и станало „најдобар пријател“.

 

Кајла истакна дека нејзиното семејство и пријателите ѝ даваат екстремна поддршка и додала дека на својата ќерка и го дала прекарот „луто бебе“ поради тоа како го запознала таткото на Мади. Иако Кајла и таткото на Меди повеќе не се заедно, според Кајла тој ја посетува Меди и ќе помогне кога ќе може.

Според „AmericanPregnancy.org“, криптична бременост, позната и како скришна бременост, е кога жената не знае дека е бремена ниту затоа што методите на тестирање не успеваат да ја откријат бременоста, ниту таа не забележува дека доживува симптоми на бременост. Истражувањата проценуваат дека една од 475 бремености може да остане неоткриена или незабележана додека бремената мајка не биде околу 20-та недела. Една од 2.500 криптични бремености не се препознаваат додека жената не започне породување.

 

Следбениците биле шокирани кога ја слушнале приказната на Кајла и многумина дури ја опишаа криптичната бременост како нивниот „најлош кошмар“.

Една жена рече: „Искрено мојот постојан страв е дека сум тајно бремена речиси четири месеци“.

Друга додаде: „Мојот најлош кошмар“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *