„Бев умрен 11 минути – искуството беше толку натприродно, но истовремено многу задоволувачко“

Адам Тап сподели неверојатна приказна за своето искуство, кога бил технички „мртов“ повеќе од 11 минути.

Ветеранот, што работел во брза помош неодамна гостуваше во подкастот „Од другата страна на завесата“, каде што го раскажа своето искуство блиску до смртта, кое го доживеал во 2018 година, откако бил погоден од електричен удар од неисправен уред за гравирање на дрво. Додека неговата сопруга очајно се обидувала да му го спаси животот со вештачко дишење, Тап доживеал низа длабоки и натприродни искуства.

 

 

 

Тој го опиша искуството како „сферично гледање, насочено од една точка кон надворешноста“.

„Јас не бев Адам. Не бев мртов. Не бев ништо“, се сеќава тој. „Бев само совршено, апсолутно задоволство. Немаше чувство на поврзаност со ништо. Јас само постоев како свесност. Тоа беше само спој на мисли, чувства и емоции“, продолжи тој. „Тоа беше како да стануваш дел од универзумот. И тоа беше апсолутно совршено“.

И покрај нереалноста на случувањата, Тап изјавил дека не чувствувал страв.

 

 

 

„Немаше страв, и тоа беше ненаметливо. Тоа беше само природно продолжение на она што сите ние ќе го направиме“.

На крајот, Тап се освестил во болница по осумчасовна кома. Сепак, неговото чувство за време било драстично променето.

„Ако некој ми кажеше дека поминале пет или десет години, ќе се согласев“, изјави тој.

Дури и по отпуштањето од болница, ова искуство оставило длабок впечаток врз него. „Имам непреодоливо чувство дека ова е само етапа“, рече тој. „Ова е само еволуција на свесноста“.

 

 

Истражувањата покажуваат дека овие искуства може да имаат долготрајно влијание врз луѓето, често водат кон длабоки промени во вредностите, убедувањата и перцепцијата на животот и смртта. Иако скептиците тврдат дека овие искуства може да се резултат на невролошки или хемиски процеси во мозокот, оние кои ги доживеале често ги опишуваат како длабоко реални и трансформирачки.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *