„Бев веган една недела и изгубив околу 5 килограми, но и нешто многу лошо се случи со моето тело – еве зошто“
Студентот по медицина од Харвард, Ник Норвиц (25), одлучил да проба веганска кето диета како дел од здравствен експеримент, но резултатите го изненадиле, откако неговиот „лош“ ЛДЛ холестерол драстично се зголемил.
Неговата диета, која траела една недела, вклучувала тофу, зеленчук како спанаќ и прокељ, темно чоколадо, путер од макадамија и масла како маслиново и сусамово. И покрај намалениот внес на масти, заситени масти и холестерол, неговиот ЛДЛ холестерол забележал раст.
Според Норвиц, причината за зголемувањето лежи во значителното намалување на внесените калории – од 3.479 калории дневно на „месојадна“ кето диета на 2.054 калории дневно на веганската. Ова довело до губење на 5 килограми, што тој го смета како причина за покачување на ЛДЛ холестеролот, бидејќи истражувања покажуваат поврзаност помеѓу помалата телесна маса и зголемениот лош холестерол.
Норвиц истакнува дека резултатите најмногу се однесуваат на слаби, активни лица со вакви диети. Неговата цел е да поттикне индивидуализиран пристап кон исхраната и да инспирира луѓето да истражуваат повеќе за сопственото метаболичко здравје.
Д-р Бредли Сервер, кардиолог кој не учествувал во експериментот, предупредува дека искуството на еден човек не може да се примени на поширока популација. Тој препорачува фокус на интегрирање на растворливи влакна, минимално преработена храна и здрави масти, како авокадо, семиња и маслиново масло, за оние кои избираат веганска диета.
Коментирај анонимно