„Бев возбуден дека ќе ја запросам мојата девојка во хотел, сѐ додека хотелот не „реши” да се запали и за малку да се угушиме во чад”

Џејсон Ли Праер (21) минатата недела беше поттикнат да ја запроси својата девојка Мелани Нун (21) во историскиот хотел Ројал Албион во Брајтон, Англија.
Тој никогаш не очекувал дека огромен оган ќе го „задуши” специјалниот ден.

 

Таму останавме само таа ноќ. Го планирав предлогот неколку месеци“, изјави Праер. „Сум престојувал таму еднаш претходно и тоа беше навистина убав хотел, па мислев дека ќе ја одведам таму“.
Нун веруваше дека таа саботна вечер ќе оди во градот со нејзините сестри, но навистина Праер го подготвувал последното изненадување – со балони, цветни ливчиња и пијалоци.
„Нејзината сестра слезе долу и ѝ ги врза очите и рече: „Имаме изненадување за тебе, само не поставувај никакви прашања.“ Таа не знаеше дека сум таму“, објасни тој.

 

Кога Нун отишла горе, Праер ја отворил вратата и го поставил прашњето – и покрај тоа што одеднаш замирисало на чад.
„Таа влезе. Нејзината сестра ѝ прочита едно од љубовните писма што ѝ ги напишав. Застанав зад неа, клекнав на едно колено и ја запросив“, продолжи тој.
Веднаш штом таа рече „Да“, сите славеа со чаша просеко додека во воздухот се појави зачадената арома.

Нун отишла да се пресоблече, токму кога почнале да се огласуваат алармите за пожар.
Мајката на Нун ја извлекла од собата и ја однела долу, додека Праер ја барал својата нова свршеница во хаосот.

 

Тие набрзина излегле и на крајот се упатиле кон плажата додека огнените јазици се фрлале низ запалениот хотел стар 200 години.
„Една од запалените дрвени штици слета до мене. Целосно се замрзнав, а мојата партнерка ме фати за рака и ми рече: „Џеј, треба да одиме по овој пат“, се сеќава тој.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *