Без 2 Мерцедеси и вила на 2 ката не правиме муабет (виц)

Се заљубил еден млад човек во една убава девојка. Ѝ ги кажал своите чувства, а девојката веднаш го прашала неколку прашања:
– Имаш ли 2 Мерцедеса?
– Не! – одговорил тој.
– Имаш ли вила на два спрата?
– Пааа… не! – пак промрморел тој.
– Тогаш нема за што да правиме муабет!
Огорчен бљубениот отишол да бара совет од својот татко.
– Не знам што да ти кажам сине. Штом толку ти се допаѓа, може да го продадеш Бентлито и да купиш 2 Мерцедеси, но да рушиме 2 ката од вилата заради некоја шмизла, ми се чини многу глупаво.