Без патики, без шејкови, без изговори: Овие луѓе од Мексико можат да истрчаат боси и до 300 км на ден
Додека многумина градски жители се задишуваат по трчање за автобус, високо во планините на северен Мексико живее народот тарахумара (или рарамури – „оние што трчаат брзо“), кој може да помине и по 300 километри без да забави. Во сандали, без технолошки помагала и без специјални диети.
Тарахумара живеат изолирано во Медните кањони, во камени куќи или пештери, каде што секојдневното движење по стрмни патеки го гради нивниот респираторен капацитет.
Бегањето не е спорт – тоа е дел од нивниот живот: од транспорт до ритуал. Традиционалната трка „раражипари“ вклучува трчање по планини додека се удира дрвено топче со стапалото, понекогаш и со денови. Жените учествуваат во слични игри со обрачи, сето тоа проследено со часови танц и разговор под ѕвездено небо.
Исхраната како клучен факотр
Нивната исхрана е клучен фактор: основата е пиноле – прашок од печена мелена пченка со какао и зачини, кој со вода станува природен енергетски пијалок. Главно јадат пченка, грав, тиква и семки од чиа – богати со бавноразградливи јаглехидрати и растителни протеини. Месо јадат ретко.
Техниката на трчање
Техниката на трчање е природна и штедливa – со кратки чекори, потпирајќи се на предниот дел од стапалото, што ја намалува ударната сила врз зглобовите. Сандалите уарачи овозможуваат контакт со земјата и избегнуваат повреди.
Иако не се професионалци, некои тарахумара учествувале на ултрамаратони и победиле елитни спортисти – без поими за медали и слава. Нивниот пристап е едноставен: нема брзање, нема стрес, само движење.
Денес, нивниот начин на живот е загрозен од патишта, туризам и криминал. Но тие сè уште трчаат – не од потреба, туку затоа што така живеат. И можеби токму затоа нивниот бег инспирира: не како фитнес тренд, туку како потсетник дека движењето е основна човечка потреба.
Коментирај анонимно