Без тавче, без маснотии: Пржено јајце за три минути кое секој ќе го посака!
Викенд појадок од соништата, без тавче, без непотребна маснотија – конечно постои и таков рецепт! Најчеста грешка кај пржените јајца? Висока температура, јајце залепено за тавче и жолчка како гума. Но, сега има нов трик кој ќе ви донесе совршено пржено јајце за три минути, без да го „пржите“ воопшто.

Готвачката Чију Чианг, креаторка на „I Heart Umami“ рецептите, откри: „Правењето пржено јајце во фритеза на воздух е брза и лесна алтернатива на традиционалното готвење на шпорет. Јајцата се подготвуваат со многу помалку масло, што значи дека јајцето е поздраво, со помалку маснотии и калории, а го добивате најкремастото пржено бело со крцкава кора, без неред во кујна.“
Express објави: „Јајцата вака секогаш излегуваат совршени – крцкави одозгора, со кремаста и течна жолчка во средината.“
Потребни состојки:
- Едно големо јајце
- Малку маслиново масло или путер
- Хартија за печење во фритеза на воздух
- Шпатула
Метод:
Едноставно скршете го јајцето врз хартијата за готвење во фритезата на воздух на која че намачкате малку масло. Ставете јајцето да се пече на 180°C три минути – за јајце со мека жолчка. Ако сакате жолчката да биде средна, додадете уште една минута.

Коментирај анонимно