„Безбедносниот појас во автомобилот ми го спаси животот – а не ни доживеав сообраќајна несреќа“
Една мајка сведочи дека нејзиниот безбедносен појас ѝ го спасил животот – затоа што „досадната“ лента ја натерала да открие канцерозна грутка скриена во нејзиниот врат. Ова откритие ѝ го променил целиот живот и ѝ дал шанса за борба што можела незабележано да ја изгуби.
Наталија Дејкин, 34-годишна мајка на две деца, почувствувала непријатност од сигурносниот појас на враќање од супермаркетот. Додека се обидувала да го намести ременот, напипала тврдa грутка на десната страна од вратот. Без двоумење закажала преглед кај лекар, кој веднаш наредил низа тестови. По компјутерска томографија и биопсија, дознала дека има Хочкинов лимфом – редок вид на карцином кој се развива во лимфниот систем.
Наталија не чувствувала никакви симптоми или промени во здравјето пред страшната дијагноза. Таа изјавува дека нејзиниот живот бил нормален – без никакви предупредувачки знаци, освен грутката во вратот што случајно ја открила. „Само што ја напипав, низ мене поминаа страв, анксиозност и лошо чувство“, раскажува таа. Да не беше појасот, веројатно ќе продолжела со животот како и секогаш, несвесна за болеста која тивко напредувала.
Хочкиновиот лимфом се јавува кај околу 2.100 луѓе годишно во Велика Британија, а рани знаци се отекување на вратот, пазувите или препоните. Но за Наталија, единствениот сигнал била грутката на вратот. По дијагнозата морала да ја одложи годината полна со планови и весели настани. „Мојот живот застана. Како може само по едно купување во маркет да се сруши цел свет?”, прашува таа.
Сега, пред започнувањето на хемотерапија, Наталија им порачува на сите: „Бидете внимателни со вашето тело, проверувајте се редовно. Ако забележите нешто што не ви делува нормално, веднаш консултирајте се со лекар.“ Таа е благодарна за „досадниот“ појас кој ја натерал да ја открие болеста на време и им дава надеж на другите дека вниманието кон себе може да биде прашање на живот или смрт.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Самодијагностицирањето е најдборо…
Комшијата ми раскажува како со другар со кола возеле од Скопје према Тетово и пред нив одеднаш се појавила кола која со голема брзина ги претекнала и морале да закочат, при што изгубиле контрола и
се тумбале за 720 степени! Вика: „среќа што не ставив појас, инаку…“!!!! Го слушав и се крстев!!!
Коментирај анонимно