Бездомник ѝ го вратил паричникот на нејзината баба и внуката одлучи да му се одолжи

Една баба го изгубила паричникот во кафуле и тоа предизвикало синџир на настани што го промениле животот на еден бездомник.

На 9 декември Евелин Топер отишла на кафе во Сан Рафаел со нејзината внука Микајла Гунард. Откако се напиле кафе и уживале во разговорот и двете си заминале дома, но бабата Евелин наскоро сфатила дека си го изгубила паричникот и била многу разочарана.

Топер ја објаснува важноста на паричникот, велејќи: „Во овој мал паричник имаше сè. Секоја кредитна, дебитна, медицинска картичка. Сè што поседувам. Бев преплашена.“

Еден ден подоцна, еден бездомник по име Шон Кари го пронашол паричникот во контејнер зад кафулето и ѝ се јавил на Евелин Топер за да ѝ ја соопшти добрата вест. Шон вели дека еден пријател го советувал да го задржи паричникот, но тој сметал дека тоа не е правилната работа.

Во исто време внуката на Евелин, Микајла го славела нејзиниот 12-ти роденден. Таа одлучила да својот роденден да направи добро дело и да му се заблагодари на добродушниот бездомник. Девојчето наместо подароци за роденденот побарало донации за Шон. Таа од своите роднини и пријатели собрала 475 долари и сите му ги дала на Шон, но приказната не завршува тука.

Микајла и нејзиното семејство отишле чекор понатаму за да му обезбедат дом на Шон. Тие досега собрале преку GoFundMe 45.000 долари кои ќе бидат вложени да се изгради заедница за бездомници од мали куќички.

Повеќето добри дела не се наградуваат на толку значаен начин, но оваа ретка инстанца ја покажува важноста да се направи вистинската работа.