Бездомник кој чисти прозорци се „скрши“ откако еден хуман човек му ја исполни скромната желба

Бездомникот чистел прозорци за 1 долар со цел да собере доволно пари за да си купи очила за вид. Тој ден собрал 11 долари и изгледа прилично задоволен од тоа што го постигнал, но не се надевал на ваква хуманост. Акрам Мошин одлучил да му го разубави денот и му подарил 500 долари, а среќата на лицето на човекот не може да не се забележи. Очилата кои му се потребни чинат 150 долари, така што на неименуваниот човек ќе му останат доволно пари за да се почести и нешто друго за празниците.