Бездомник не може да ги сопре солзите радосници откако група луѓе одлучи целосно да му го смени животот

Бездомник се расплака кога откри дека група луѓе собрале неверојатни 17 000 американски долари за да му обезбедат покрив над главата.

Мајк (46), кој бил бездомник во поголемиот дел од својот живот, се сретнал со блогерот Филип Ву (24) во Ну Хејвен, Кенетакит, САД, кога Мајк се понудил да му ги исчисти стаклата на автомобилот.

По првичното одбивање, Филип го покани Мајк во неговиот автомобил на разговор и парот склучи неверојатно пријателство.

Филип ги сними нивните разговори во автомобилот за да ги сподели со своите пријатели на социјалните мрежи.

Луѓето се вљубиле во ставот на Мајк  и го прашале Филип дали можат да донираат пари за да му помогнат.

За неколку дена, странци донираа илјадници долари за да му помогнат на Мајк.

Филип, од Њу Порт Бич, Калифорнија, САД, кој моментално се наоѓа на пат и самиот живее во својот автомобил, рече: „Тоа беше веројатно едно од најголемите искуства во мојот живот“.

„Кога тргнав на ова патување пред осум месеци, кога излегов од дома за да живеам во својот автомобил и да снимам видеа, ни  на крај на памет не ми беше дека ќе успеам да му дадам паушална сума на човек што заслужува и дека тоа ќе му го смени животот“.

„Никогаш не можев да замислам дека само осум месеци подоцна ќе го постигнам тоа“.

Мајк му рече на Филип дека неговиот татко починал кога бил мал и тој изгубил контакт со семејството. Во нивните видеа на ТикТок тој призна дека бил во затвор повеќе пати. Но, откако неговата мајка почина минатата година, тој одлучи дека сака „искрено да заработи пари“ и се нуди да пумпа бензин и да чисти прозорци.

Филип се довери дека неговиот татко починал кога бил мал и тој сега решил да живее во својот автомобил и да вози наоколу откако ја напуштил работата како банкарски аналитичар.

Филип рече: „И двајцата доживеавме загуба и се поврзавме со тоа. Зборувавме за семејството, од каде сме и како двајцата завршивме во таа ситуација“.

Филип објави неколку клипови од нивниот разговор на Тик Ток и Јутјуб, а неколку дена подоцна видеата станаа вирални, собирајќи скоро два и пол милиони прегледи. На 12 Февруари, кинеска Нова Година, Филип му подари на Мајк црвен плик со 1.000 долари во готовина – најмногу што можеше да извади за толку кратко.

Мајк му рече на Филип: „Никогаш не би помислил дека ова ќе се случи, го молам Бога само за добар животот и тој те донесе тебе“. Потоа Филип го извади својот телефон за да му ја покаже на Мајк GoFundMe страната, која во тоа време имаше 14.000 долари- доволно за Мајк да добие покрив над главата цела година.

Филип нашол финансиски советници за да му помогнат на Мајк да ги користи парите одговорно и да го врати животот на вистинскиот пат. Mајк купи облека, храна и телефон за двајцата да останат во контакт.