Бездомното куче лежело стуткано во снегот, а кога сфатиле што „крие“ им ги стопли срцата на луѓето

Една снежна ноќ во Канада возач пронашол бездомно куче, стуткано покрај патот. На таа судбоносна ноќ во Онтарио „доброто девојче“ лежело на небезбедно место, но таа всушност се жртвувала за доброто на други.

Хуманиот граѓанин веднаш сфатол што се случува откако добро се доближил до животното. Таа всушност чувала 5 напуштени мали мачиња, кои очигледно таа вечер ѝ биле приоритет.

Лицето кое ги спасило и сакало да остане анонимно ги однело во засолниште за животни каде што биле прегледани од ветеринари. Тие изјавиле дека мачињата немале никаква шанса да преживеат доколку кучката не ги спасила така што ги топлела со своето тело.

Мачиња се во безбедни раце и се добро. Но, поради тоа што поминале некој период надвор без ниваната мајка ќе им биде потребна дополнителна нега.

Кучето-херој исто така е добро и како и секое добро девојче чека некој да ја посвои и да ѝ даде место кое ќе може да го нарече дом. Исто така и мачињата откако ќе закрепнат ќе бидат дадени на посвојување.