„Безобразна“ резба во црква е откриена стотици години подоцна
Резбата со еротска содржина е откриена во црква во Херефорд, Англија поради изградбата на дополнителен кат на кафуле.
Резбата прикажува гол човек кој ги држи нозете во воздух, покажувајќи ги неговите гениталии, дефинитивно контроверзен избор за таква религиозна локација.

Резбата никогаш не била забележана од посетителите, лежејќи во темнина повеќе од 800 години.
Не знаеме што имал на ум уметникот кога се решил на овој потег, но можеме да претпоставиме дека му праќал силна порака на шефот.
