Библио диета: Исхрана и лекување базирани на Библијата

Со децении нè учат дека црвеното месо предизвикува болести, лебот дебелее, млекото воспалува, солта убива, а медот е само шеќер. Но, тогаш се јавува неизбежното прашање: како луѓето преживеале илјадници години токму со таа храна? Џордан Рубин и д-р Џош Акс нагласуваат дека сме ја замениле мудроста на генерациите со модерни заблуди. Не е храната од Библијата што нè разболува – туку начинот на кој денес ја третираме и менуваме.

Библио диета: Исхрана и лекување базирани на Библијата

Храната опишана во Библијата е симбол на здравје, радост и благослов – а не на болест

Рубин прашува: ако Библијата е Божја реч што ни дава духовен водич, зошто да сметаме дека е погрешна кога станува збор за храна? Во светото писмо месото е знак на гостопримство, лебот е основа на животот, млекото е храна на сила, медот лек, а солта – неопходност. Ништо од ова не го симболизира злото или болеста. Напротив, тие се поврзани со живот, изобилие и здравје.

Храната опишана во Библијата е симбол на здравје, радост и благослов – а не на болест

Црвеното месо од минатото е различно од денешното фабричко месо кое го влошува здравјето

Д-р Акс раскажува: Библијата зборува за месо од животни одгледани на пасишта, без индустриска обработка, хранети природно и со почит заклани. Ова месо било богато со минерали, природни масти и минимално воспалително. Проблемот е во тоа што го направивме месото денес – го преполнивме со хормони, жито и сиромаштија од нутриенти, создавајќи производ кој воспалува. Обвинувањето на месото, според нив, е како да се обвини водата додека пиеме отров.

Црвеното месо од минатото е различно од денешното фабричко месо кое го влошува здравјето

Лебот бил ферментиран и лесно сварлив, за разлика од денешниот индустриски леб

Библијата споменува ферментиран леб, леб од кисело тесто и стари зрна. Таквиот традиционален леб ја намалува агресивноста на глутенот, овозможува минералите да бидат достапни за телото и е многу полесен за варење. Проблемот не е во житото, туку во тоа како сме го промениле – забрзувањето на процесот и употребата на модифицирани квасци и адитиви.

Вистинската причина за нетолеранцијата на млеко е A1 протеинот, додека библиското млеко е A2 и подносливо

Рубин и Акс објаснуваат дека денешните реакции кон млекото најчесто се поврзуваат со A1 бета-казеинот – главен протеин кај модерните крави. Но, во Библијата млекото доаѓа од кози, овци и камили, односно се работи за A2 млеко кое повеќето луѓе лесно го поднесуваат. Затоа путерот, гхито и ферментираните млечни производи не предизвикуваат тешкотии дури и кај оние кои „не поднесуваат млеко“. Ако сакате да сте сигурни дека конзумирате А2 млеко, тогаш купете си козјо.

Медот е симбол на исцелување, а не само шеќер – суровиот мед делува како лек според Библијата

Во Библијата, медот секогаш значи здравје и исцелување, а не зло. Суровиот мед, кога се користи умерено, има антибактериски својства, го подобрува имунитетот и помага при алергии. Според Рубин, не е проблемот во медот, туку во неговото рафинирање и претераната употреба што ја прави модерната индустрија.

Солта од Библијата е од суштинско значење – штетна е само рафинираната, а не минералната сол

Модерната борба против солта е уште една заблуда. Според Библијата, солта е основа на животот – потребна е за хидратација, нервни сигнали и телесна рамнотежа. Но, зборот е за природна, минерална или морска сол, а не рафиниран натриум хлорид. Телото не сака празна сол, туку природни минерали.

„Библиската диета“ не е уште една диета – таа е начин на живот заснован на пост, одмор, билки и духовна дисциплина

Рубин нагласува: ова не е уште еден рецепт за слабеење, туку рамка за живот. Вклучува пост, одмор, дисциплина, молитва, како и користење билки и масла. Храната е само еден дел од здравјето – вистинската цел е усогласување со природниот и духовниот ред, не постојана борба против сопственото тело.

Можеби не сме болни поради „старите“ јадења, туку заради модерните навики што не отуѓија од природата и Библијата

Тезата на Рубин и Акс е непријатна за многумина – таа ја оспорува основата на веганскиот активизам, индустриската прехрана и брзите решенија. Но, тие поставуваат едно суштинско прашање: а што ако проблемот не се древните исхрани, туку нашето отуѓување од Библијата и од природата? Можеби одговорот не е нова диета, туку враќање кон едноставните, основни принципи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *