Библиски опис на уништувањето на Содома или сведоштво за космичкиот удар што го уништи древниот блискоисточен град?

Пред 3600 години, леден астероид се упатил кон Земјата со брзина од 61.000 километри на час и експлодирал во воздухот на височина од четири километри над земјата, создавајќи огромна огнена топка. Експлозијата била околу 1000 пати помоќна од експлозијата на атомската бомба во Хирошима.

Сето ова им се случило на жителите на древниот блискоисточен град Тал ел-Хамам, кои, ако погледнеле кон небото во тој момент, ќе биле моментално заслепени. Температурата на воздухот нагло се искачила на 2.000 степени Целзиусови, што резултирало со моментално палење облека и дрво. Копја, мечеви, тули од кал и керамички садови почнале да се топат, и речиси веднаш по експлозијата целиот град бил во пламен.

Неколку секунди подоцна голем шок -бран го погодил градот со брзина од 1200 километри на час, што е брзината на движење на воздухот полоша од најлошото невреме забележано во историјата. Сите згради во тој град биле срушени, а 12-метарскиот врв на четирикатната палата бил разнесен од ударниот бран се до следната долина.

Накратко, никој од 8.000 жители на градот или животни не го преживеале настанот, бидејќи комбинацијата на топол воздух и воздушен напад од експлозијата практично ги избришале од лицето на земјата.

Околу една минута по експлозијата на 22 километри западно од Тал ел-Хамам, шок-бран од експлозијата го погодил библискиот град Ерихон, чии sидови се урнале под нападот, а градот останал изгорен до темел.

Трагите од уништување укажуваа на само еден извор

Досега не беше познато што точно се случи, но јасно е дека тоа не е предизвикано од вулканска ерупција, земјотрес или војна. Ниту еден од овие настани не е способен да топи метал, тули и керамички садови.

За да сфатат што може да го предизвика ова, научниците го користеа Online Impact Calculator за да создадат модели на сценарија што ќе одговараат на доказите. Калкулаторот е развиен од експерти за вселенски удари и им овозможува на научниците да проценат многу детали за влијанието на космичкото тело на површината на Земјата, користејќи ги како основа постоечките снимени настани од удари на вселенски тела и нуклеарна детонација.

Според тој калкулатор, виновникот за наведеното уништување на Тал ел-Хамам бил мал астероид сличен на оној што уништи 80 милиони дрвја во Тунгуската експлозија во Русија во 1908 година.

Научниците пронајдоа можен сторител, но сега им беа потребни докази за тоа што всушност се случило тој ден во Тал ел-Хамам. И најдоа изненадувачки широк спектар на докази.

На местото на настанот има ситно искршени зрна песок наречени „разнишан кварц“ и кои се формираат под притисок од пет гигапаскали, што е еквивалентно на притисокот на 68 тешки воени тенкови на еден палец.

Се чини дека дрвјата и растенијата во областа веднаш се трансформирале во тој дијамантски материјал под влијание на притисокот и високите температури предизвикани од огромната експлозија.

Експериментите во лабораторија покажаа дека калта и керамичките тули се стопиле на температура од 1500 степени Целзиусови. На таква температура, автомобилот ќе се стопи за неколку минути.

Слојот на уништување, исто така, содржи мали топчиња од стопен материјал, кои се помали од честичките прашина во воздухот и се нарекуваат сфери. Овие сфери пронајдени се направени од испарено железо и песок што се стопиле на 1590 степени Целзиусови.

Покрај тоа, површините на стопена керамика и стакло се импрегнирани со ситни растопени метални зрна, вклучувајќи иридиум (кој се топи на 2466 Целзиусови степени), платина (кој се топи на 1768 Целзиусови степени) и циркон силикат (кој се топи на 1540 степени Целзиусови).

Сите овие докази заедно покажуваат дека температурите во древниот град се искачиле на нивоа повисоки од оние предизвикани од вулканска активност, војна или обичен градски пожар. Единствениот природен процес што затоа остана како можност беше космички шок. Истиот доказ е пронајден на познатите места на космички удари во веќе споменатата Тунгуска и во областа на кратерот Чиксулуб, што го направи астероид кој ги истреби диносаурусите од лицето на Земјата.

Последната загатка

На крајот остана само уште една загатка, и тоа беше причината зошто областа на градот и над сто околни населби беа напуштени неколку века по неговото уништување. Можно е зголеменото ниво на сол по ударот кој го оневозможи одгледувањето култури, но научниците сѐ уште не се целосно сигурни.

Можно е усната традиција за уништување на тој град да се пренесува со генерации сѐ додека не остана напишана во форма на библиската Содома и Гомора. Библијата го опишува уништувањето на урбаниот центар кај Мртвото Море под дожд од камења и оган од небото, во кое загина целото население.

Дали е можно библискиот опис на уништувањето на Содома да е всушност древно сведоштво на очевидци? Ако е така, уништувањето на Тал ел-Хамам е можеби второто најстаро уништување на човечка населба од космички удар, по селото Абу Хуејра во Сирија пред 12.800 години. Уште поважно, тоа може да биде првиот пишан запис за таков катастрофален настан.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.