Бил Гејтс си порача изградба на јахта од 645 милиони долари, која ќе функционира на течен водород

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс си нарача „скромно превозно средство“. Јахта вредна 645 милиони долари која што се напојува со течен водород и е феноменална. Луксузната јахта е долга 112 метри и има повеќе погодноси од еден дом, а да не спомуваме од некои други јахти.

Неговата суперјахта може да се пофали со пет палуби со простор за 14 гости, 31 члена на екипажот, теретана, јога студио, просторија за убавина, салон за масажа и базен на задната палуба. Бродот – првиот од ваков вид придвижуван од течен водород – го направи своето деби во декември 2019 година на шоуто на јахтите во Монако.

На пониско ниво, гостите ќе можат да ги видат резервоарите за водород преку стакло. Секој резервоар тежи 28 тони и е запечатен со вакум и се лади на -253C за да се задржи водородното гориво.

За управување со моторите и електрониката, течниот водород се испумпува преку специјални PEM горивни ќелии кои го претвораат во електрична енергија. Тогаш, снабдувањето се модерира со употреба на две горивни ќелии за да остане константен. Единствената емисија е вода, која потоа безбедно се пумпа во океанот.

И покрај својот нов извор на гориво, бродот е во состојба да достигне 17 јазли и да патува 3.750 милји пред да треба да се наполни гориво, што е доволно за да го покрие атлантскиот премин од Њујорк до Саутемптон.

Бидејќи нето вредноста на Гејтс е 110 милијарди американски долари, безбедно е да се каже дека 64-годишникот би можел да си ја дозволи својата „кич“ инвестиција.