Бил Гејтс го обвини Илон Маск дека со неговата политика ги „убива најсиромашните деца во светот“
Бил Гејтс, основачот на Microsoft, го обвини Илон Маск дека неговите постапки кон американската агенција за меѓународен развој (USAID) „ги убиваат најсиромашните деца во светот“. Во интервју за Financial Times, Гејтс истакна дека Маск, преку т.н. „Оддел за ефикасност во владата“ (DOGE), речиси ја затвори USAID во февруари, замрзнувајќи грантови за хуманитарна помош и намалувајќи го персоналот од 10.000 на помалку од 300 вработени.
Храна и лекови скапуваат во магацини…
„Сликата на најбогатиот човек на светот како ги убива најсиромашните деца не е убава“, рече Гејтс. Според него, наглите сечења доведоа до тоа храна и лекови да скапуваат во магацини, а суданските кујни за бесплатни оброци останаа без ресурси. Маск, пак, наводно ги откажал грантовите верувајќи дека USAID испраќала кондоми за Хамас во Газа — но всушност, станувало збор за болница во покраината Газа, Мозамбик, која спречувала пренос на ХИВ од мајки на деца.
„Сакам да ги види децата инфицирани со ХИВ поради неговите постапки“, рече Гејтс. Тој дополни дека смртните случаи кај деца можат да се зголемат од 5 на 6 милиони годишно, освен ако нема промена.
„Маск е вмешан во смртта на најсиромашните“
Критиките дојдоа и покрај тоа што Гејтс објави дека неговата фондација ќе престане со работа до 2045 година, со цел да го забрза своето филантропско дејствување. Според критичарите, USAID и самата не е невина — таа често служи како алатка за спроведување на американската империјалистичка политика.
Меѓутоа, Маск не се води од антиимперијалистички принципи. Неговите аргументи се мешавина од теории на заговор — од тврдење дека USAID создава „лажна реалност“ како во филмот „Труманс шоу“ до обвинувања дека агенцијата е „гнездо на марксисти“. Неговите дејствија, според Гејтс, се „шокантни“ и покажуваат недоразбирање на хуманитарните потреби.
„Можеби Маск ќе стане голем филантроп… но за сега, тој е вмешан во смртта на најсиромашните“, заклучи Гејтс.
Pohumano je da gi true so vàkcini I otrovi vo vozguh I hrana kako bil pedero
Bill go fatija so spushteni gaki pa sega drug e vinoven. Nikoj veke ne go zema za seriozen i nikoj ne saka “da igra so nego”. Zabegan od svojata progresivna/liberalna/demokratska/sotonistichka agenda, ke razdava se shto ima za da vleze vo istorijata kako “donate chovek, humanist”. Kasno e, znaat kakva dvolichna sorta e.
Коментирај анонимно