Бил Гејтс планира да ја затвори својата фондација и да ја донира речиси целата своја имотна вредност во наредните 20 години: „Не сакам да кажат дека умрев богат“
Бил Гејтс објави дека ќе ја затвори Фондацијата „Гејтс“ до 31 декември 2045 и дека речиси целосно ќе се откаже од своето богатство во следните две децении.
„Ќе се кажуваат многу работи за мене кога ќе умрам, но решен сум тоа да не биде: ‘умре богат’“, напиша Гејтс во блог објавен на 69-годишна возраст. „Премногу итни проблеми треба да се решат за јас да ги задржам ресурсите што би можеле да им помогнат на луѓето.“
Со проценета вредност од 168 милијарди долари, Гејтс со години ветува дека ќе го донира поголемиот дел од своето богатство преку фондацијата која ја основа во 2000 година. Досега, „Фондацијата Гејтс“ донирала над 100 милијарди долари за глобални цели – од искоренување на болести и сиромаштија, до климатски промени и подобрување на здравството и образованието.
Според новиот план, фондацијата треба да донира уште 200 милијарди долари до нејзиното затворање, а годишниот буџет ќе се зголеми од 6 на 9 милијарди долари, во зависност од инфлацијата и пазарните услови.
Содржина:
Клучни цели до 2045:
• Намалување на смртноста кај мајки и деца од спречливи причини
• Искоренување на болести како полио, маларија, морбили и Гвинејски црв
• Поддршка на образованието и земјоделството во Африка за извлекување на милиони луѓе од сиромаштија
Гејтс предупреди дека иако фондацијата може да направи многу, не може да ја замени улогата на владите, кои моментално ги кратат буџетите за странска помош. Тој изрази загриженост дека дури ни фондација од таа големина не може да го пополни настанатиот јаз.
Влијанието на семејството и идолите
Гејтс го истакна влијанието на неговата мајка Мери, која го учела дека „на оној кому му е дадено многу, многу му се очекува“. Татко му, ко-претседател на фондацијата до својата смрт во 2020 година, ја делел истата филозофија. Исто така, огромно влијание имал неговиот пријател и соработник Ворен Бафет, кој го запознал со идејата за донирање на сè.
Гејтс, Бафет и Мелинда Франс Гејтс ја основаа иницијативата „Giving Pledge“ во 2010 година, со која досега повеќе од 240 милијардери се обврзале да донираат најголем дел од своето богатство додека се живи.
„Човекот што умира богат, умира со срам“
Гејтс се повика и на есејот на Ендрју Карнеги „Евангелието на богатството“ од 1889 година, каде го оставил силен впечаток мислата: „Човекот што умира богат, умира со срам.“ Тоа го поттикнало да го забрза темпото на донации.
Тој ги повика и другите богати луѓе да размислат колку би можеле да придонесат за подобар свет ако го зголемат обемот и брзината на своето дарување.
„Сметам дека светот ќе биде подобар за 20 години“
Гејтс изјави за New York Times дека останува оптимист и верува дека наредните 20 години ќе донесат подобрувања благодарение на напредокот во технологијата и здравството, особено поради развојот на вештачката интелигенција.
„Дури и ако не сум оптимист, што да направам? Да купам јахти? Да трошам на коцкање?“ рече Гејтс. „Овие пари треба да се вратат на општеството на начин што има најголеми шанси да донесе нешто позитивно.“
Па умри веќе ретардиран кловн еден !
donesol pravilna odluka
Ti samo umri !!! RAAT !!!
Коментирај анонимно