Бил искасан 20.000 ПАТИ од африкански пчели убијци, а проголтал ТРИЕСЕТ од нив! Сега е бори за живот!

Во петокот Остин Белами (20), во Охајо, ги пострижувал гранките на лимоновото дрво кога ненамерно пресекол кошница со африкански пчели убијци. Тој бил искасан 20.000 пати.

„Кога почна да ги сече гранките, тогаш пчелите излегоа, и тој се обиде да избега од нив, ама не можеше“, изјави бабата на Белами Филис Едвардс.

„Тој викаше: „Помош! Помогни ми! Помош! Но никој не можеше да му помогне“.

Неговото семејство од земја гледало како се одвива сето тоа, но не можело да му помогне бидејќи и тие биле нападнати. Сакале да се искачи некој по скалата за да стигне до Остин, но не можеле затоа што едноставно насекаде имало пчели.

Пожарникарите на крајот успеале да го симнат Белами од скалата и тој со хеликоптер бил пренесен во Медицинскиот центар на Универзитетот во Синсинати. Откако таму, тој бил ставен на вентилатор (машина за дишење) и ставен во медицински индуцирана кома.

Мајката, Шауна Картер, не била присутна за време на инцидентот, но кога и кажале по телефон таа се онесвестила. „Беше премногу за мене да земам. Изгледаше како да има црно ќебе на главата до вратот, до рацете“ – изјави таа.

Таа рече дека Белами исто така проголтал околу 30 пчели, кои на лекарите им требало повеќе од еден ден да ги отстранат. „Тој имаше пчели внатре во него и тие ги вадеа пчелите од него до недела наутро“.

За среќа, лекарите очекуваат тој целосно да закрепне, рече Картер. Според извештаите, тој се разбудил од кома во средата, но се бори за живот.

Мајката отворила сметка на страницата за собирање на средства GoFundMe за да ги плати медицинските трошоци за синот. Иако се разбудил сепак сега треба да преживее! Таа на страната напиша:

„Остин штотуку наполни 20 години на 7 август и на 27 август доживеа трагична несреќа каде што работеше на дрво за пријател и несакајќи исече гнездо на африкански пчели убијци. Белами беше искасан над 20.000 пати и моментално е во болница на вентилатор и се бори за својот живот, а ние бараме какви било донации, било што ќе помогне! Бог да ве благослови“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *