Бисерна снежност: Младата македонска дизајнерка Данче Лазарова ја презентираше својата зимска колекција
Данче Лазарова е 19-годишна модна дизајнерка од Струмица која ја запознавме преку нејзината хуманитарна акција, кога одлучи средствата од нејзината колекција да ги донира. Младата Данче не престанува да креира и овој пат ја претстави својата зимска колекција која потсетува на снежна бајка.

Данче Лазарова
Во оваа колекција доминира белата боја или како што таа ја претставува „бисерна снежност“ која дефинитивно ја открива нежната страна на секоја дама. На модните креации на Лазарова не можат да одолеат многу дами, а таа креира и за познати личности од македонската естрада, додека листата на задоволни клиенти расте. Ви претставуваме дел од нејзината колекција:











