Битола станува центар на крипто-сцената оваа пролет: Голем собир на љубителите на крипто и блокчејн технологијата

Битола оваа пролет ќе биде домаќин на нов, голем крипто собир во живо, настан кој има за цел да ги поврзе сите љубопитни, ентузијасти и искусни учесници во светот на криптовалутите и блокчејн технологијата. Настанот ќе се одржи на 29 март 2026 (недела) со почеток во 11:00 часот, во просториите на НУ Народен Театар Битола.

Организатор на настанот е Крипто Гемиџија (клик овде), човекот кој стои зад најголемата македонска крипто заедница, позната по бесплатната едукација, практичните совети и активната поддршка на македонската крипто сцена. Овој „крипто собир во живо“ е осмислен како можност луѓето конечно да се запознаат лице в лице, да разменат искуства, да поставуваат прашања, да слушнат нови согледувања и да изградат контакти кои до сега биле само виртуелни.

Битола добива шанса да стане новиот центар на крипто-собирањата во Македонија, а организаторите ветуваат содржајна, интерактивна и пријатна атмосфера погодна за сите – од почетници до искусни инвеститори.

Локација: НУ Народен Театар Битола
Датум и време: 29 март 2026, 11:00 часот
Организатор: Крипто Гемиџија

Деталната програма ќе биде објавена наскоро. Кликнете ОВДЕ за да си резервирате место.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *