Битола викендов е центарот на крипто сцената – разговор со организаторот Мр. Антонио Ѓоргиев
Кажи „крипто” на некој Македонец и најверојатно ќе добиеш еден од двата одговора: „тоа е измама” или „знам некој кој се збогатил”. Вистината е некаде помеѓу овие две крајности, во светот во кој успешно плива Антонио Ѓоргиев, магистер по економски науки, поширко познат како Крипто Гемиџија.
Со преку 3.300 едукативни видеа на македонски јазик и шест настани организирани низ Македонија и надвор од неа, Антонио е можеби единствениот човек во земјава кој со сериозност и без финансиски мотив ги учи Македонците за технологијата која, сакале ние или не, веќе го менува глобалниот финансиски систем.
На 29 март (недела) во Народниот Театар во Битола, Антонио организира нов офлајн настан. Разговаравме со него неколку дена пред настанот, за Биткоин, за пирамидите, за тоа колку пари треба да имаш за да почнеш, и зошто 137 земји веќе го прават тоа за кое повеќето Македонци уште не слушнале. Резервирај си место на следниот линк.

1. Кога зборуваш со некој кој никогаш не купил крипто, кое е првото нешто што му го кажуваш?
Првенствено, иднината на глобалниот финансиски свет се движи кон дигитализација и токенизација. Ние немораме никому да му докажуваме дека Блокчејн е иднината, се што треба секој поединец да направи е да погледне што најголемите ентитети и институции во финансискиот свет прават во моментов. 137 земји во светов што претставуваат 98% од глобалниот БДП моментално развиваат CBDC (Дигитални валути на Централните банки) што претставува дигитализирање на паричните средства на приватен тип на Блоклчејн технологија. Додека, во приватниот сектор, најголемите корпорации како на пример Black Rock со капитал под менаџмент 14 Трилиони долари, Fidelity со капитал под менаџмент 7 Трилиони Долари, Frenklin Templeton со капитал под менаџмент 5 Трилиони долари и МНОГУ МНОГУ ДРУГИ, целосно се фокусираат кон токенизација на целата своја работа во однос на капитал, трансакции и внатрешни процеси – сето ова возможно САМО НА БЛОКЧЕЈН ТИП НА ТЕХНОЛОГИЈА! А да не заборавиме дека истите активно инвестираат во најголемите Блокчејн проекти како Биткоин и Етериум. Ова се најголемите финансиски ентитети во светот – ако они се фокусираат на блокчејн технологија – дефинитивно секој поединец треба да посвети барем малку време да научи повеќе за оваа технологија!
2. Многумина во Македонија мислат дека крипто е пирамида. Ти?
Погледни одговор на прашање број еден.. хахаххаха… Кога се сомневате дали нешто е легитимно или не, најдобро е да се водите по она што го прават најголемите играчи во светот! Зошто… Ние, секојдневните луѓе, никогаш нема да ги имаме капацитите на овие корпорации. Односно, екстензивен професионален глобален тим кој го имаат корпорации како BlackRock. Vanguard, Fidelity итн, капацитетите за истражување на нови типови технологија/нови компании/проекти, врските кои ги имаат во државен и приватен сектор како и информациите кои доаѓаат до нив се вредни ЕДНО БОГАТСТВО! Иако и ние поминуваме неброени часови истражување за оваа технологија и проектите во неа, но со оглед на фактот дека ние ги немаме претходно набројаните привилегии и капацитети, се водиме од заклучоците и постапките кои ги прават овие големи играчи… Заклучок – ако големите играчи се обидуваат да приграбат/инвестираат/купат што повеќе од проектите и коините/токените од оваа технологија, ние дефинитивно ќе го правиме истото!

3. За колку време може да се стане милионер со Крипто?
Најголемата лага во оваа технологија/сектор е токму „БРЗОТО„ збогатување. Односно, иако овој сектор има огромен потенцијал за заработка, со оглед на фактот дека само 7-10% од вкупната популација е инвестирана во истиот (Според кривата на адоптација, ова е делот на раните инвеститори) додека дури во последните неколку години видовме јасен интерес од страна на институционалните инвеститори, јасно е дека глобалната адоптација е пред нас! Ова значи: стабилизирање на пазарите, помала но по сигурна заработка, јасна правна рамка која се појавува во се повеќе земји како и фактот дека оваа технологија ќе ви биде наметната без разлика дали вас ви се допаѓа или не – целиот финансиски систем на глобално ниво се токенизира и префрла на блокчејн технологија!
4. Колку чини влезницата за настанот?
Кај Гемиџијата цената на билетот е секогаш и за секој настан иста! Ние наплаќаме неверојатни 0 денари по Македонец!!! Се гледаме на досега Најголемиот Off-line Meetup во градот на Конзулите Битола на 29.03.2026 во Народниот театар во 11:00 часот! Едукацијата на Македонската нација МОРА да продолжи – затоа и се обдуваме колку можеме повеќе од истата да обезбедиме за нашата нација на Македонски јазик БЕСПЛАТНО, пред оваа технологија да завладее со светот! Време е и ние да не бидеме последни во нешто како до сега…

5. Темата е анализа на Биткоин циклусот – зошто тоа е важно да го знае некој почетник?
Биткоин е најголемата Крипто валута во Крипто секторот. Како проект кој бил прв на пазарот во 2009 година до сега има завземено НАЈГОЛЕМ дел од Маркет капитализацијата на целиот сектор. Дополнително и многу многу по битно, уникатноста на Биткоин е токму фактот дека нема тим позади него, целосно е децентрализиран и заштитен преку најголемата мрежа на компутирачка моќ низ светот, нема одбор на директори кои одлучуваат за неговата иднина, има ограничена количина од 21 милион Биткоини и НИКОЈ нема да може да прозведе повеќе, неможе да биде баниран, неможе да биде забранет, функионира паралелно со моменталниот финансиски систем но не е контролиран од истиот! Односно ги надминува СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ на моменталниот финансиски систем а ниту едно од неговите ограничувања! Со оглед на претходно кажаното – навистина е битно секојдневниот човек да научи што може повеќе за Биткоин и неговиот циклус!

6. Колку минимум треба да знае некој за да го разбере тоа што ќе го кажеш на 29-ти?
Искрено, предзнаења се пожелни кога ги следите нашите презентации и едукативни видеа. НО, начинот на кој ги презентираме едукационите материјали е секогаш упростен и дообјаснет со цел секој да може да ја разбере оваа материја. Поентата на крајот од денот е секојдневниот човек да може да се запознае со оваа технологија/сектор, затоа и мора да биде во што по-упростена форма!
7. Ако некој дојде и по настанот сака да почне, кој е неговиот прв чекор?
СЕКОГАШ ЕДУКАЦИЈА! Дури откако ќе се запознае со основите на овој сектор/технологија може да одлучи дали потенцијално би сакал да инвестира во истиот или не. На нашиот канал моментално има 3.300 видеа наменети исклучиво за оваа едукациона цел на Македонски јазик! ДА, знам дека ваков број на видео материјали е застрашувачки но затоа на нашиот YouTube канал е се распределено во соодветни Playlist-и кои можете да ги најдете најбитните едукативни видеа:
– Почетен курс за Техничка и Фундаментална анализа на пазарите
– Напреден курс за Техничка и Фундаментална анализа на пазарите
– Категории на Крипто проекти
– Анализа на Крипто проекти
8. Зошто Битола и зошто токму сега?
Со онаа мала финансиска поддршка која ја имаме од нашата заедница се обидуваме да организираме што може повеќе настани! Но за жал тој е нашиот моментален капацитет. Битола ни е 6ти настан организиран до сега во и надвор од Македонија, но ова е само почеток! Едукацијата за Макроекономија и Блокчејн технологија мора да биде обезбедена за Македонците на Македонски јазик и затоа нашата бесплатна работа ќе продолжи се додека Македонците имаат потреба од истата! Да најавиме дека во текот на летото 2026 планираме уште поголем настан – ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА КРИПТО КОНФЕРЕНЦИЈА која ќе биде одржана во Скопје! Благодариме на сите они кои не поддржуваат во нашата работа и се надеваме


who give a fuck
I guess your mother…
Коментирај анонимно