Битолчани ги отворија срцата и направија „дожд од играчки“ за болните дечиња
РК Еурофарм Пелистер ги повика сите навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории.
Со оваа порака тие сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.
Навивачите го испочитува барањето на Еурофарм Пелистер и направија хуман гест пред новогодишните и Божиќните празници со фрлање на играчки на теренот наменети за дечињата на кои им се потребни.
Подот на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола беше преплавен од плишани играчки за време на полувремето на дербито со Вардар.
Овој хуман гест е инспириран од повеќе светски спортски екипи кои на ист начин ги поттикнуваат добродушноста и дарежливоста, особено во претпразничниот период.
Конечниот резултат беше нерешен 27:27
