Битолчани решија да се „изладат“ во затворениот базен во Битола

Група уморни битолчани не дочекаа да се изгради ветуваниот базен кој се гради 30 години, па решија сами да го отворат.

Независната советничка група на Фејсбук објави дека „по собирање на потребните потписи во рекордно време се „умориле“ па си зеле за право да се „опуштат“ во новиот базен во Битола.

Битолчани со своите реквизити го „отворија“ базенот, а сега единствено што преостанува е да го наполнат со вода.

 

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.