Бизарни туристички атракции „среде никаде“ поради кои луѓето не штедат на бензин за да ги посетат
Купувањето е високо на листата на приоритети за многумина кога се во странска земја на одмор, особено кога станува збор за купување во дизајнерска продавница која ја нема во местото на живеење.
Интересно е тоа што голем број луѓе се спремни да патуваат долги растојанија за да ја посетат продавницата на италијанската модна куќа Прада „среде никаде“ во САД, иако не може да се влезе или да се купи нешто.
Тоа е всушност уметничка инсталација на Мајкл Елмгрин и Ингар Драгсет во форма на продавница на Прада основана во октомври 2005 година во пустината Чивахуан во западен Тексас во близина на градот Марфа.
Прада Марфа има излог со чевлите и чантите на оваа модна куќа кои потекнуваат од колекцијата од 2005 година, но тие не можат да се пробаат без вандализам. Некои се обидоа да ја уништат инсталацијата и поради тоа беа казнети на суд.
Лажната продавница првично беше поставена како израз на бунт против комерцијализацијата на американските градови и требаше да се остави на природниот процес на распаѓање поради текот на времето.
Но, нејзината огромна популарност меѓу луѓето желни за фотографирање за социјалните медиуми ги поттикна локалните власти да ја опремат со безбедносен систем и редовно да ја одржуваат.
Ова е само една во низата необични туристички атракции кои се „среде никаде“, а кои привлекуваат туристи без разлика на географската локација. Најдете повеќе бизарни атракции во нашата фотогалерија:
Уметничка инсталација на планините на спасот во Slab City
Пловечки острови на езерото Титикака во Перу
Хотелот кој никогаш не го отвориле Igloo City во форма на иглу на Алјаска
Ранч на половина закопани Ерстримс во близина на Довер, Флорида
Кади исполнети со термална вода во Монро, Јута, Мистик Хот Спрингс