Бизнисмен од село ќе му плати 25.000 долари на оној кој ќе му помогне да си најде девојка за „озбилно“

25.000 долари звучат, па и изгледаат како многу пари, но ако разговарате со Џеф Гебхарт тоа е ништо во споредба со љубовта и среќата која тој ја бара. „Ако се најде некоја, ова би можело да биде најдоброто вложување досега.“, вели тој. 47-годишниот човек од селото Прајри, кој никогаш не бил во брак, изјави дека се обидел да се дружи на Интернет по последното раскинување, но сфатил дека тоа не е за него.

Џеф е добро ситуиран, има сопствен бизнис со недвижнини и многу пријатели, но не и среќа во љубовта.

Така тој и група пријатели разговарале за тоа колку време губат секоја година запознавајќи луѓе, за кои подоцна жалат што ги запознале. Така, тој формирал фокус групи и работел со пријателите шест месеци градејќи веб-страница каде што детално е опишан неговиот карактер и особините. Страната datejeffg.com стана позната и тој гарантира исплата на оној кој ќе му помогне да ја постигне својата цел.

Жените кои се номинираат самите себе, а тоа се 60% од пријавените досега, нема да можат да ги земат парите, но ќе ги има предвид. Но, Џеф добива многу препораки од луѓе со пријателки за кои сметаат дека би биле совршени за него и за неговото куче Гунер.

Џеф има преземено чекори за да се осигура дека луѓето не го користат само за пари. Исплатите ќе се вршат во рок од 5 години од првата година откако официјално ќе биде со својата девојка.