Близнаците кои предизвикаа контроверзии со својот изглед, починаа со разлика од шест дена, но погледнете како изгледаа пред бројните операции

Францускиот ТВ водител, продуцент и научник Игор Богданов почина на 72-годишна возраст, само шест дена по смртта на неговиот брат близнак Гричка, пишува белгиски Le Soir.

„Во мир и љубов, опкружен со своите деца и семејство, Игор Богданов го напушти овој свет во понеделник, на 3 јануари 2022 година“, се вели во соопштението на семејството на починатиот издадено од неговиот агент.

Неговиот брат близнак Гричка почина во болница на 28 декември 2021 година, откако помина неколку дена во кома. Нивните семејства не сакаа да ги наведат причините за смртта, но роднините им открија на медиумите дека тоа се последиците од инфекцијата со коронавирус. И двајцата биле во болница од средината на декември.

Близнаците, кои најголемиот дел од животот предизвикуваат контроверзии со својот изглед, станаа познати на почетокот на 80-тите во една од првите француски научно-фантастични серии „Temps X“. Тоа беше пред серијата пластични операции кои им го изобличија лицето, а жените тогаш воздивнуваа по нив.

Браќата завршиле теоретска физика, но поради слабите резултати на факултет, не биле ценети во научните кругови. Тие работеа на голем број популарни научно-фантастични серии, како што се „Зона на самрак“, „Ѕвездени патеки“ и „Доктор Ху“, а Гричка исто така беше вклучен во создавањето на криптовалутата Биткоин.

И додека често ги исмеваа поради деформираните лица, тие се нарекуваа вонземјани.

Игор зад себе остави шест деца, а Гричка четири.