Блогерка црта маски за Ноќта на вештерките на своето голо тело

Во клипот од 11 секунди, шминкерката Марина Елоиз позира гола како иконата на рестораните за брза храна Мекдоналдс, кловнот Роналд Мекдоналд. Наместо облека, нејзиното тело е обоено во жолта, бела и црвена боја, повторувајќи го костимот на ликот. Покрај тоа, на лицето и вратот и е насликан череп со гримаса и модринки. „Овој морничав период од годината ми е омилен! – признала таа во објавата која постигнала 11,6 милиони прегледи.