Премини на МотикаX

Бог се симна на планетата земја и е во Манчестер: Градинарот Џејмс вели дека не е обичен човек, а тајфата негови следбеници ставаат „рака во оган за него“

Човек од Манчестер, кој за себе верува дека е Бог, зборуваше за неговите сè поголеми следбеници и непоколебливо убедување дека е „апсолутна божественост“, во новиот подкаст на „BBC Radio 4“.

 

 

 

Џејмс, проповеда во јужен Манчестер и е тема на подкастот „God Next Door“, каде што новинарот Дерил Морис го истражува непоколебливото верување на градинарот дека тој е Бог на планетата Земја.

Во 28-минутниот подкаст, се гледа како Морис го следи Џејмс додека се занимава со своите следбеници, велејќи им: „Јас сум зборот направен од тело, сега се вратив овде за да бидам со вас“.

 

 

 

Како се манифестира неговото побожно дело? Кога ќе ја заврши својата дневна работа како градинар, Џејмс е држи фитнес часови и проповеда во неговата локална заедница. Морис ја следи „работата“ на Џејмс во текот на четири години и зборува со оние кои го делат верувањето дека тој е врховното суштество што живее на земјата.

 

 

Еден од неговите следбеници изјавил: „Навистина, навистина сум благодарен што е тука бидејќи знам дека ќе ги промени работите“.

Друг следбеник, жена по име Бернадет, признава дека била обземена од емоции првиот пат кога го запознала русокосиот Џејмс, велејќи: „Можам да се сетам на првиот пат кога го видов Џејмс. Понекогаш мислам дека е добра работа што не го погледнав директно во лице затоа што можеби ќе се онесвестев“.

 

 

Таа објаснува како првпат станала свесна за него во „предизвикувачки период во мојот живот“ и вели штом го видела, знаела дека тој е „причината поради која живеела“. Бернадет вели дека Џејмс „апсолутно 100%“ ја „спасил“.

Џејмс има жена, Ана, која вели дека ѝ е сосема нормално да живее со Бога. Таа вели: „Можеби е чудно за другите луѓе, но не е за мене. Мисијата е мисија. Мир на земјата“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *