Богаташот Марк Кјубан, познат по шоуто „Shark Tank“, живее како секој од нас, иако тежи милиони: „Пазарам секој ден во сосема обичен супермаркет“
Марк Кјубан, ѕвездата на шоуто „Shark Tank“, повторно го покажа својот „нормален“ стил на живот, иако поседува богатство од 5,7 милијарди долари. Тој покажа како пазари во сосема нормален маркет „Target“. Во август 2023 година, тој изјави дека „многу добро ја познава продавницата „Target“ бидејќи редовно купува таму, а неодамна откри и што обично купува.
Во едно неодамнешно интервју Мак изјави дека „Target“ е „многу погоден“ бидејќи се наоѓа само на еден километар од неговата куќа во северен Далас, Тексас. Меѓу работите што ги купува, тој спомена честитки за родендени и празници, маици, некоја електроника и играчки, објаснувајќи дека тоа се „основни нешта кои сфаќате дека ви требаат во текот на денот“.
Во меѓувреме, обожавателите можат да го видат Кјубан во 16-тата сезона на „Shark Tank“, но ова е последната сезона во која ќе инвестира, бидејќи потврди дека ќе се повлече во ноември 2023 година. Во интервју, тој истакна дека емисијата инспирирала многу млади претприемачи и дека ќе му недостига, но сака да помине повеќе време со своите деца – Алексис (21), Алиса (18) и Џејк (15).
Неговите коментари дојдоа по контроверзите што ги предизвика на шоуто „The View“, каде што изјави дека Доналд Трамп не се опкружува со „интелигентни жени“, што предизвика жестока реакција од поддржувачите на Трамп. На „X“ (поранешен „Twitter“), Кјубан објасни дека не бил доволно прецизен и се извини на сите кои се почувствувале навредени, признавајќи дека не секое интервју може да биде совршено.
Јас „да тежам 5,7 милијарди долари“ (!?), не би се шетал во Скопје, а не во Далас, Тексас, ЈуЕсЕј!!!
Наместо да идам у маркет, би вработил готвач чие задолжение ќе биде да иде у маркет и да готви!
После, би вработил: хигиеничарка (ако имам 7 спални соби и 2), обезбедување, асистент, возач…и тако даље…
Коментирај анонимно