Богатите прават работи што никогаш не сте ни замислиле – еве до каде може да оди човечката фантазија кога парите не се проблем
Додека повеќето Македонци мака мачат како да врзат крај со крај поради енормните трошоци за живот, има луѓе чиј секојдневие е недофатна луксузна фантазија. Едно неодамнешно прашање на Reddit ги натера луѓето да споделат работи на кои богатите имаат пристап, а остатокот од светот не може ни да сонува. Речиси 5.000 луѓе ги отворија срцата и споделија примери – од лебеди што пливаат во приватни базени, па сѐ до лични библиотеки изработени по нарачка. Овие факти ќе ве натераат да се зачудите до каде може да оди човечката фантазија кога парите не се проблем.

Содржина:
- Изнајмување лебеди за базен
- Луксузна грижа за цвеќиња: Орхидеи на „дневен одмор“ додека пак не процутат
- Лични библиотеки обложени во кожа вредни стотици илјади евра
- Времето на богатите вреди повеќе од нечија годишна плата
- Агенти за елитно школување ги носат децата на богатите на училишни саеми низ светот
- Уникатно шопинг-искуство: примероци и скали во луксузна пентхаус резиденција
Изнајмување лебеди за базен
Додека за повеќето луѓе поседувањето базен е далечен луксуз, богатите бараат уште повеќе: „Знам милијардер што сакаше лебеди да пливаат во езерцето пред неговата куќа, но беше разочаран кога нивните пердуви почнаа да паѓаат и изгледаа неуредно. Затоа користи сервис за изнајмување лебеди, што ги ротира животните периодично за секогаш да изгледаат беспрекорно“, напиша еден коментар на Reddit.

Луксузна грижа за цвеќиња: Орхидеи на „дневен одмор“ додека пак не процутат
Богатите не мора да се грижат дали ќе им овене растението – тие ги испраќаат своите орхидеи на специјална грижа. „Дневна грижа за цвеќиња. Го испраќаш своето цвеќе додека не процути повторно, а за тоа време добиваш друго во полн цвет, така што секогаш имаш раскошни орхидеи дома“, посочи друг корисник.
Лични библиотеки обложени во кожа вредни стотици илјади евра
Средниот слој има полици за книги, но богатите имаат цели библиотеки по мерка. „За апсурдно богатите кои сакаат класична библиотека со кожни книги, постојат фирми што ќе изберат колекција по твој вкус, ќе испечат книги на специјална некиселинска хартија и ќе ги обложат во кожа по нарачка, во одредена тематика. Овој сервис почнува од шестцифрена сума во евра“, напиша еден од коментаторите.
Времето на богатите вреди повеќе од нечија годишна плата
Кај богатите времето е пари во буквална смисла: „Кога бев на факултет, имавме настан со CEO на Fortune 500 компанија. Потоа ангажиравме скапа лимузина, но таа задоцни 35 минути. Патната служба од друга држава постојано не бараше и по барањето ни рекоа да ја ставиме фирмата на црната листа за во иднина. Наредниот ден го слушнав шефот како му се дере на сопственикот на превозот и бара поврат на пари, објаснувајќи му дека времето изгубено на CEO-то вреди повеќе од нечива годишна плата“, гласи еден коментар.
Агенти за елитно школување ги носат децата на богатите на училишни саеми низ светот
„Најбогатите вработуваат агенти за образование што патуваат ширум светот по приватни училишни саеми за да пронајдат најдобра комбинација за децата (можат да бидат и 10 години стари), по мерка и желба на родителите. Секој агент има свое портфолио на деца, и добива комисија од училиштето кога ќе најде совршен спој“, стои во еден од коментарите.
Уникатно шопинг-искуство: примероци и скали во луксузна пентхаус резиденција
Заборавете на одење по продавници. За богатите, купувањето е доживување кое доаѓа дома: „Бев во неверојатен пентхаус во Мајами каде што донесоа повеќе различни скали само за претходниот сопственик да одбере која најмногу му одговара. Беше апсолутно лудо.“

Коментирај анонимно