Боксерскиот шампион Тајсон Фјури ја зголемува колекцијата со имот со нова палата која го потсетува на неговите корени
Ова е новата луксузната куќа вредна 1,7 милиони фунти (2 милиони евра) во која светскиот боксерски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури се пресели со своето семејство.

И, соодветно за прекарот „Џипски Кинг“, стотици негови нови соседи живеат во камп приколки, кои практично го опкружуваат задниот дел на неговиот имот во Ланкашир, Англија.
Прекарот на Фјури доаѓа од неговото ирско „патувачко“ наследство од страната на неговата мајка и татко, за кое честопати се зборуваше во текот на неговата кариера.

Тајсон (33), неговата 31-годишна сопруга Парис и нивните шест деца неодамна се преселија од куќа од 550.000 фунти (650.000 евра) со поглед на заливот Морекамб во нивниот нов дом, над полињата.
Иако имотот е опкружен со места за камп приколки, повеќето од нив се викендички во кои ужуваат сезонски одморачи, а не членови на патничката заедница од која Тајсон потекнува.
До пред две години, неговиот имот бил окупиран од бунгалов изграден во стилот на шатор.
Но, претходниот сопственик го срушил и на негово место ја изградил новата палата во која сега живее Тајсон.
Со оградата од ковано железо и скулптури од лавови и орли, куќата е дефинитивно во стилот на боксерскиот шампион. Знаците, исто така, ги предупредуваат потенцијалните натрапници дека имотот е под видео надзор.
Оваа куќа е дел од колекцијата на имот на Фјури, која вклучува „скромен“ семеен дом во Моркамбе, Англија.

Во 2018 година, Фјури се пофали дека купил замок во Марбела, Шпанија, за околу 6 милиони фунти, а уште во мај тој сугерираше дека купил огромен имот во Лас Вегас.
Фјури и Париз ги имаат ќерките Венецуела (12), Валенсија (3), и две месечна Атина, и синовите, принцот Џон Џејмс (9), принцот Тајсон Втори (4) и принцот Адонис (2).

