Болен статус на наш сограѓанин. Сакале да прифатиме или не ова е вистината!

Болен статус на наш сограѓанин
Сакале или не сакале да прифатиме, ова е вистината. Кој како сака нека ја свати. Можеби не е време за вакви објави, но чувствуваме потреба да ја споделиме.

Еве што напиша тој:

Плаќаме пензиско – не ја дочекуваме пензијата.
Плаќаме здравство – се лекуваме во странство.
Плаќаме патарина – гинеме на патиштата.
Плаќаме комуналии и ѓубрарина – се давиме во ѓубре и смет.
Гласаме на избори – им ги полниме патните трошоци, а тие лажат, крадат, подмитуваат и го уништуваат системот.
Жалам за мојата генерација, која создаде државни чиновници што го продолжија истиот пат што го трасираа „транзициските профитери“.
Се срамам од младите, образованите, „прогресивните“, кои слепо ги следат партиските директиви, без свое „јас“, изразувајќи го својот став исклучиво преку „матичната“ партија.
Но, сè уште се надевам – дека ќе се појави нова младина. Прошетана, паметна, „префригана“, со визија и сила да го смени ова.
Во спротивно… ќе не снема како нација.

Како што и самите знаете, оваа Фејсбук страница беше креирана пред една година со цел граѓаните на Кочани слободно да го изразат своето мислење, да споделат став, да се пожалат на проблеми, да пофалат нешто или да рекламираат свој бизнис.
Доколку добиеме барем едно барање дека оваа објава во моментот не е соодветна веднаш ќе ја избришеме. – сподели фејсбук групата Кочани на нивниот профил.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!