Болестите поврзани со исхраната се причина број 1 за смрт во многу земји во светот – сепак многу лекари добиваат малку или никакво образование за тоа додека се на факултет
На ТВ сериите како „Grey’s Anatomy“ и „Chicago Med“, се чини дека лекарите секогаш го имаат вистинскиот одговор. Но, кога станува збор за совети за исхрана во реалниот живот, тоа можеби не е точно.
Лошата исхрана може да доведе до болести како што се кардиоваскуларни проблеми, дијабетес и депресија, што придонесува за повеќе смртни случаи отколку пушењето. Лекувањето на овие болести поврзани со исхраната чини многу за сите земји во светот, а трошоците се очекува да се зголемат тројно за 25 години. И покрај потребата за подобро знаење за исхраната, истражување од 2023 година откри дека околу 58% од американските студенти по медицина не добиле формално образование за исхрана, во просек само три часа обука годишно.
На глобално ниво, недостатокот на едукација за исхрана во медицинските училишта е широко распространет проблем. Студентите по медицина имаат преполни распореди, што го отежнува давањето приоритет на исхраната. Квалификуваните инструктори од универзитетските одделенија за исхрана би можеле да помогнат, но часовите за исхрана честопати ги одржуваат лекари со ограничена обука.
За веродостојни совети за исхрана, регистрираните диететичари или овластени професионалци за исхрана се најдобриот извор. Социјалните мрежи, сепак, се полни со неточни информации за исхраната. Додека повеќето студенти по медицина ја признаваат важноста на исхраната, нејзиното вклучување во наставните програми останува малку веројатно. Во меѓувреме, луѓето треба да бараат професиона помош од нутриционисти и фитнес инструктори.
Коментирај анонимно