Борис Трајковски денес ќе полнеше 65 години: Интересни факти за претседателот кој никој не го заборави
Судбината да изиграше поразлични карти на денешен ден претседателот Борис Трајковски ќе наполнеше 65 години. За жал трагедијата го зема неговиот и животот на уште 8 луѓе и на нас ни останува само да го паметиме овој човек по неговата големина.
Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година, а трагично загина во авионска несреќа на 26 февруари 2004 на патот кон економска конференција во Мостар, Босна и Херцеговина. Авионот се урна во густа магла и пороен дожд на планината во југоисточна Херцеговина, во близина на селата Поплат и Врсник на околу 15 км југо-југоисточно од Мостар. Никој не преживеа во оваа авионска несреќа која сѐ уште не е разјаснета до овој ден.
Борис Трајковски беше вториот претседател на независна Македонија и на функцијата беше од 15. декември 1999 година до 26. февруари 2004 година.
Овие неколку интересни факти за животот на Борис Трајковски нека служат како потсетник за исполнетиот живот на овој човек:
Борис студирал теологија во САД за да стане министер-поротник на методистичка црква. Трајковски е роден во методистичко семејство.

Децата на Трајковски: Стефан и Сара
Неговиот татко две години бил во затвор затоа што хранел воени заробеници додека служел во бугарската армија. Тој бил градежен работник.
Во 2002 година, тој беше почесен витез на орденот на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи од Х.М. кралицата Елизабета Втора.
Истата година Трајковски ја доби Светската методистичка награда за мир од страна на Светскиот методистички совет.
Тој еден ден ја посетил трафиката на својот кум во Струмица и ги изненадил и шокирал луѓето кои поминувале да си купат цигари или весник, а претседателот на државата бил оној кој им ги продавал.
Претседателот на Русија, Владимир Путин имал голема почит кон Борис Трајковски.
„Кобна Кота 524“ е документарец за авионската несреќа кој беше објавен на Ал Џезеира.